ПРВ.мк
Македонија

Насилство врз новинари среде снимање

Насилство врз новинари среде снимање
Escape

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица – маж и жена – кои се сомничат дека со физичка сила и закани спречиле новинарска екипа на ТВ Алсат М да извршува службени дејствија додека известувала за пожарот во Визбегово.

Двајцата обвинети се товарат дека сториле кривично дело „Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ од член 382 став 3 во врска со став 2 и 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 9 јули во близина на отпад за старо железо на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, каде што новинар и снимател со видливо обележани ТВ беџови пристигнале да снимаат прилог за големиот пожар.

Додека снимале, обвинетите им пријдоа и побараа да престанат, велејќи дека отпадот е приватен имот. Откако екипата одбила да запре, обвинетата жена физички го нападнала снимателот – го удрила со нога и со бокс, го фатила за врат, ја оштетила камерата и ја превртела на земја.

Кога новинарот се обидел да го заштити колегата и опремата, почнал да снима со мобилен телефон, но жената и него го удрила, му го одзела телефонот и го фрлила на земја.

Потоа пристапил и обвинетиот маж, кој упатувал закани и навреди, а на крајот му удрил и шлаканица на новинарот, насилно го избркал од местото.

Обвинителството побара продолжување на мерките притвор за мажот и куќен притвор за жената, кои претходно веќе биле одредени.

Паралелно со судската постапка, се води и предистражна постапка за самиот пожар во Визбегово. Јавниот обвинител извршил увид на лице место, а специјален тим од АРМ ги завршил мерењата на токсични материи во воздухот по настанот.

Резултатите од анализите се во обработка, а обвинителството презема и дополнителни дејствија со цел да се утврди дали има основи за обвинение за еколошки криминал, односно загрозување на животната средина преку отпадни материи.

Mia Home Mavrovo