ПРВ.мк
Македонија

Енергетска револуција во Кисела Вода: Сите основни училишта со сопствени соларни панели – Ѓорѓиевски вели: „Ова е инвестиција во иднината на децата!“

Енергетска револуција во Кисела Вода: Сите основни училишта со сопствени соларни панели – Ѓорѓиевски вели: „Ова е инвестиција во иднината на децата!“
Escape

Општина Кисела Вода официјално стана првата општина во земјата каде сите основни училишта располагаат со сопствени фотоволтаични системи, благодарение на успешно завршениот проект за енергетска ефикасност.

Денес во ООУ „Невена Георгиева Дуња“, симболично беше ставен во функција последниот од серијата он-грид соларни системи со моќност до 20 kW, со што беше заокружена иницијативата која опфаќа вкупно осум училишта – седум од Кисела Вода и едно од општина Зелениково.

Проектот, насловен „Инвестиција во фотоволтаици, енергетска ефикасност, заштита на човекова околина“, се реализира преку Програмата за развој на планските региони. Инвеститор е Владата на Република Македонија, преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, додека Центарот за развој на Скопскиот плански регион го спроведуваше проектот. Општина Кисела Вода учествуваше со кофинансирање.

„Со овој проект постигнуваме значителни заштеди – не само финансиски, туку и еколошки. Нашите ученици добиваат практични примери за тоа што значи грижа за животната средина. Наместо само да зборуваме за екологија – ја практикуваме. Ова е инвестиција во знаење, одржливост и иднината на нашите деца“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Сите системи се проектирани како мрежни он-грид фотоволтаици со максимална вкупна инсталирана моќност од 140 kWh. Проценките покажуваат дека годишната заштеда ќе изнесува 160 MWh, што претставува намалување на потрошувачката од 70% до 80% по училиште. Ова е 18% од вкупната енергетска потрошувачка на целата општина.

„Во време на економски и енергетски предизвици, ние вложуваме паметно – создадовме училишта кои произведуваат зелена енергија, заштедуваат средства и образуваат генерации со свест за екологија. Благодарност до Владата, Министерството, Бирото и Скопскиот регион за визијата и поддршката. Оваа стратегија треба да се прошири и во сите средни училишта на територија на град Скопје“, додаде Ѓорѓиевски.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 10.096.691 денари, односно околу 1.009.669 денари по училиште – инвестиција која веќе започна да враќа резултати преку намалени сметки и зголемена еколошка свест.

Mia Home Mavrovo