ПРВ.мк
Свет

Трамп најавува нов царински удар: „Малите земји“ ќе добијат писма со зголемени давачки

Трамп најавува нов царински удар: „Малите земји“ ќе добијат писма со зголемени давачки
Escape

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека во наредниот период ќе бидат испратени официјални писма до неколку помали земји, со цел да ги информира за новиот сет американски царински мерки. Според неговите зборови, овие земји најверојатно ќе се соочат со царини малку повисоки од 10 проценти.

Во изјава дадена пред новинарите, веднаш по неговото враќање од настан во Питсбург, Трамп истакна дека е задоволен од „едноставните договори“ што веќе се постигнати за повеќе од 20 земји. Тој нагласи дека администрацијата работи на воведување унифицирана царина за помалите економии, што според него ќе донесе фер трговски услови за САД.

„Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив… малку над 10 проценти“, рече Трамп.

На 7 јули, претседателот ја потпиша и новата извршна наредба, со која се одложува стапувањето во сила на т.н. реципрочни американски царини до 1 август. Тие царини беа претходно најавени во април, но беа пролонгирани за 90 дена.

Во оригиналниот план, се предвидуваа високи царини од:

  • 37% за Србија
  • 35% за Босна и Херцеговина

Но, со последните измени, тие бројки се намалени:

  • 35% за Србија
  • 30% за БиХ

Освен овие две земји, Трамп објави конкретни царински стапки и за низа други држави:

  • 25% царини за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан
  • 30% за Јужна Африка
  • 32% за Индонезија
  • 35% за Бангладеш
  • 36% за Камбоџа и Тајланд
  • 40% за Лаос и Мјанмар

Според него, оваа стратегија е дел од поширока трговска политика што има за цел да ја заштити американската економија, притоа инсистирајќи на „фер трговија“ и реципрочни услови со странските партнери.

Mia Home Mavrovo