Девојка на 19 години е ранетa во инцидент што се случи денеска во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат, Д.А. (23), случајно испукал куршум од пиштол и ја погодил, јавува „Блиц“.
Според неофицијални информации, Д.А. ѝ го покажувал оружјето на помладата сестра кога пиштолот случајно испукал, а куршумот ја погодил во стомакот. Ранетата девојка веднаш била префрлена во Општата болница во Нови Пазар каде ѝ е пружена итна медицинска помош.
Состојбата на девојката сè уште не е официјално објавена.
Полицијата брзо интервенирала и го уапсила Д.А. на лице место, а пиштолот кој се сомничи дека бил употребен е пронајден на брегот на реката Рашка во непосредна близина. Територијата е обезбедена со засилени полициски сили.
Истрагата за овој инцидент е во тек, а според првичните информации, се работи за несреќен случај.