Рано изутринава, нафтени наоѓалишта во ирачкиот регион Курдистан беа цел на напад со беспилотно летало, потврди Регионалната служба за борба против тероризмот.
Информацијата беше објавена преку официјално соопштение на Фејсбук, во кое се нагласува дека нема човечки жртви или повредени лица, но дека е предизвикана значителна материјална штета на објектите.
Погодените наоѓалишта се наоѓаат под управа на норвешката енергетска компанија DNO, која има активно присуство во регионот и управува со дел од клучната инфраструктура за експлоатација на нафта и гас.
И покрај сериозноста на нападот, засега ниту една група или организација не презеде одговорност. Властите не објавија конкретни сомнежи, но инцидентот се случува во контекст на зголемени тензии во регионот, каде курдските територии честопати се цел на безбедносни предизвици и нестабилност.
Според информации на МИА, и официјалните и неофицијалните извори ја потврдуваат верзијата дека нема човечки жртви, но дека е направена штета врз енергетската инфраструктура.