ПРВ.мк
Свет

Американец помогнал на Русите да нападнат Украинци – Путин му додели руски пасош!

Американец помогнал на Русите да нападнат Украинци – Путин му додели руски пасош!
Escape

Американски државјанин, Даниел Мартиндејл, кој соработувал со руските сили во нападите врз украинските позиции, официјално доби руски пасош по одлука на претседателот Владимир Путин. Мартиндејл беше прикажан на руската државна телевизија насмеан, додека го покажуваше својот нов пасош како доказ за неговата „лојалност“ кон Русија.

Кремљ соопшти дека Мартиндејл бил тајно извлечен од источна Украина од руските специјални сили и му било овозможено да остане како „верен сојузник на Русија“.

Мартиндејл изјави: „Русија е мојот дом и моето семејство. Среќен сум што тоа повеќе не е само во моето срце, туку сега и законски.“

Уште во ноември 2024 година, тој признал дека преку апликацијата Телеграм комуницирал со проруските сили во Донбас и им давал информации за позициите на украинската армија во регионот Донецк.

Денис Пушилин, лидерот на проруските власти во окупираниот дел од регионот, тврди дека Мартиндејл обезбедил клучни информации кои помогнале во руското заземање на градот Курахово во декември 2024 година. „Мартиндејл со својата лојалност одамна ни припаѓа“, рече Пушилин.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo