ПРВ.мк
Македонија

НАЈНОВА ВЕСТ: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата!

НАЈНОВА ВЕСТ: Овие граѓани да си ги проверат сметките – власта изврши исплата!

Корисниците на правата од социјална, детска и цивилна заштита од денеска можат да располагаат со средствата за август 2026 година, информира Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Средствата се достапни за сите корисници на кои им следуваат овие права, а начинот на располагање со парите зависи од тоа дали користат платежна картичка или не.

Граѓаните кои поседуваат дебитна картичка можат да ги подигнат средствата од банкоматите, но можат да ги користат и за безготовинско плаќање во продажната мрежа.

Покрај тоа, средствата може да се користат и преку услугите за електронско и мобилно банкарство, доколку корисникот ги има активирано овие можности во својата банка.

Од Министерството појаснуваат дека исплатата не се однесува само на корисниците кои имаат платежни картички.

И граѓаните кои не користат платежна картичка можат да ги подигнат средствата. За нив, исплатата започнува од денеска и може да се реализира во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Исплатата ги опфаќа правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец август 2026 година.

Од Министерството ги информираат корисниците дека средствата се веќе достапни, па оние кои очекуваат исплата можат да проверат дали парите им се легнати и да располагаат со нив согласно начинот на исплата што го користат.