ПРВ.мк
Сцена

(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНА СЦЕНА ВО ВЕНЕЦИЈА: Нина Добрев едвај застана пред фотографите, па обезбедувањето ја избрка од цврениот тепих!

(ВИДЕО) НЕОЧЕКУВАНА СЦЕНА ВО ВЕНЕЦИЈА: Нина Добрев едвај застана пред фотографите, па обезбедувањето ја избрка од цврениот тепих!

Нина Добрев доживеа непријатна ситуација на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција, кога обезбедувањето ѝ даде знак да го напушти просторот токму во моментот кога актерката се подготвуваше да позира пред присутните фотографи.

37-годишната актерка се појави на фестивалот во елегантен фустан без прерамки од „Армани Приве“ и застана на црвениот тепих за традиционалното фотографирање.

Додека го наместуваше фустанот и се подготвуваше да им позира на фотографите, пред неа застана член на обезбедувањето облечен во црно. Со гест ѝ покажа дека треба да се помести од местото.

Следеше кратка непријатна ситуација во која се вклучила и жена која се нашла во близина. Добрев сепак успеала да остане уште неколку моменти и да позира пред камерите.

Актерката продолжила да го наместува тулот на фустанот, овојпат со сериозен израз на лицето. Но, членот на обезбедувањето набрзо повторно се појавил и ѝ ставил до знаење дека фотографирањето мора да заврши.

При заминувањето, Добрев најпрво изгледала збунето и се намуртила, а потоа се насмеала, очигледно изненадена од целата ситуација.

Таа кратко им мавнала на фотографите и без дополнително задржување го напуштила црвениот тепих.

Снимката брзо стана тема на социјалните мрежи

Видеото од необичната сцена набрзо почна да се шири на социјалните мрежи, каде што корисниците се обидуваа да сфатат што точно се случило.

Дел од коментарите беа насочени кон актерката и нејзината реакција, додека други сметаа дека можеби станувало збор за организациски правила и временски ограничувања на црвениот тепих.

„Да сум јас Нина Добрев и да ме избркаат од црвениот тепих во Венеција, би пропаднала од срам во земја“, напишал еден корисник на мрежата Икс.

Друг корисник се запрашал дали актерката можеби останала предолго на тепихот или станувало збор за лоша организација, оценувајќи дека ситуацијата сепак била непријатна.

Трет корисник директно прашал зошто Добрев била тргната од црвениот тепих во Венеција.

Во последниот период се појавија и шпекулации за нејзиниот љубовен живот

Сцената во Венеција доаѓа неколку месеци откако Нина Добрев повторно се најде во фокусот на јавноста поради шпекулации поврзани со нејзиниот приватен живот.

Во јуни таа била забележана во Њујорк во друштво на манекенот Даги Џозеф. По нивното појавување заедно, странските медиуми започнаа да шпекулираат дека нивниот однос можеби е нешто повеќе од пријателски.

Сепак, информациите за нивниот однос останаа на ниво на медиумски шпекулации.

Пред тоа беше свршена со Шон Вајт

Пред новите шпекулации, Добрев беше во долгогодишна врска со поранешниот олимписки сноубордер Шон Вајт.

Двајцата се запознале во 2019 година, а една година подоцна јавно ја потврдиле врската преку социјалните мрежи.

За првпат заедно се појавија на црвениот тепих во мај 2022 година, кога присуствуваа на лондонската премиера на филмот „Топ ган: Маверик“.

Во 2024 година парот објави дека се свршил, откако Вајт ја запросил Добрев во Њујорк.

Сепак, нивната врска не траеше до свадба. Во септември 2025 година беше објавено дека двајцата се разделиле.

Тогаш извор за списанието „Пипл“ изјавил дека одлуката била заедничка и донесена со меѓусебна почит, иако прекинот не бил лесен.

Во меѓувреме, Нина Добрев продолжува со своите професионални ангажмани, а нејзиното појавување во Венеција привлече внимание не само поради модната комбинација, туку и поради необичната сцена на црвениот тепих која беше снимена и брзо се прошири на интернет.

ВИДЕО