12.12.2026 е датум што ќе отвори ново поглавје за македонската комедија.
Утрово започна продажбата на билетите за големиот стенд-ап спектакл на Стефан Николовски – „Ацо е наш“, кој ќе се одржи на 12.12.2026 во арената „Борис Трајковски“, а само неколку часа подоцна – половина од арената веќе е распродадена!
Станува збор за еден од најголемите потфати на македонската стенд-ап сцена досега. Простор резервиран за најголемите концерти и спортски спектакли, овојпат ќе биде домаќин на големо комичарско шоу.
Николовски веќе има искуство пред илјадници гледачи, но овојпат застанува како носител на сопствен спектакл, а како специјален гостин е најавен Тони Михајловски.
Интересот уште во првите часови покажува дека публиката е подготвена за стенд-ап во аренски формат.
Од мали сцени и клубови – до најголемата арена во Македонија!








