Обвинителката Анита Тополова Исајловска е едногласно избрана за вршител на должноста државен јавен обвинител. Таа беше единствениот предлог на денешната седница на Советот на јавни обвинители.
Исајловска досега ја извршуваше функцијата заменик државен јавен обвинител, а со оваа одлука ќе ја предводи институцијата како в.д. државен јавен обвинител, со цел континуитет во работата на обвинителството.
















