ПРВ.мк
Македонија

Најмладите уживаа во креативна работилница во рамки на „Кавадаречко културно лето“

Најмладите уживаа во креативна работилница во рамки на „Кавадаречко културно лето“

Во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“, вечерва се одржа креативната работилница „Обои ги твоите омилени ликови“, реализирана во соработка со Градската библиотека „Феткин“.

Исполнети со насмевки, боички и многу фантазија, најмладите учесници ги оживеаја своите омилени ликови од бајките и цртаните филмови, создавајќи уникатни цртежи и незаборавни спомени.

Работилницата понуди можност децата да ја изразат својата креативност, да се дружат и да поминат квалитетно време во инспиративна и весела атмосфера.

Организаторите упатија благодарност до сите мали уметници за нивната креативност и ентузијазам, како и до Градската библиотека „Феткин“ за успешната соработка.

Со вакви активности, „Кавадаречко културно лето“ продолжува да создава содржини кои ги поттикнуваат детската имагинација, љубовта кон уметноста и заедничкото дружење.