ПРВ.мк
Македонија

МВР ВО ГОЛЕМА КООРДИНИРАНА АКЦИЈА: Претреси на повеќе локации низ земјава

МВР ВО ГОЛЕМА КООРДИНИРАНА АКЦИЈА: Претреси на повеќе локации низ земјава

Министерството за внатрешни работи денеска спроведува поголема координирана полициска акција, во чии рамки се вршат претреси на дваесетина локации, неофицијално објави „Скопје1“.

Според информациите на медиумот, акцијата е поврзана со сомнежи за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи од Ц и Д категорија.

Полициски екипи постапуваат на повеќе локации, а активностите се насочени кон обезбедување материјални докази и целосно расчистување на случајот.

Во моментов нема официјална потврда од МВР за точниот број извршени претреси, ниту информации дали има приведени или осомничени лица.

Повеќе детали за акцијата се очекуваат по завршувањето на полициските активности.