ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЗНАТ ГЕНЕРАЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Покрај неговото тело имало пиштол, полицијата истражува

ПОЗНАТ ГЕНЕРАЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Покрај неговото тело имало пиштол, полицијата истражува

Романскиот генерал од резервниот состав Дорин Јоника (61) е пронајден мртов во петокот во куќа во местото Паулешти, во округот Прахова.

Според првичните информации од истрагата, генералот бил пронајден со прострелна рана во главата, а во непосредна близина на неговото тело бил пронајден пиштол калибар 9x19 милиметри, кој бил во негова легална сопственост.

Надлежните засега работат на утврдување на сите околности, а првичните информации укажуваат дека најверојатно станува збор за самоубиство.

Неговиот шура повикал на бројот за итни случаи 112 откако подолго време не можел да стапи во контакт со него. Јоника бил поранешен командант на Командата на здружените сили на романската армија, а ја предводел и воената парада по повод Денот на Романија на 1 декември минатата година.

Само еден ден пред неговата смрт, полицијата добила пријава поврзана со конфликт меѓу генералот и 46-годишна жена. Според информациите, жената пријавила дека била физички нападната.

По процена на ризикот, надлежните утврдиле дека постои непосредна опасност и издале привремена мерка за заштита, со која на мажот му било забрането да ѝ се приближува на растојание помало од 200 метри.

Околу 1:24 часот по полноќ, сопругата на генералот наводно ја известила полицијата дека тој го напуштил домот со пиштол. Веднаш била започната потрага со цел да се спречи евентуална опасност за него или за други лица.

Неколку часа подоцна било пријавено дека генералот е пронајден мртов во куќата во Паулешти.

Истрагата продолжува, а полицијата треба да утврди што точно се случувало во часовите пред неговата смрт и дали претходниот семеен конфликт е поврзан со трагичниот настан.