ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРИ ЖЕНИ ПРИЈАВЕНИ ДЕКА ГИ ТЕПАЛЕ СОПРУЗИТЕ: Случаи во Центар, Велес и Берово

ТРИ ЖЕНИ ПРИЈАВЕНИ ДЕКА ГИ ТЕПАЛЕ СОПРУЗИТЕ: Случаи во Центар, Велес и Берово

Три одделни случаи на семејно насилство се пријавени во Берово, Скопје и Велес, а во сите три случаи мажи пријавиле дека биле физички нападнати од своите сопруги.

Во Берово, 45-годишен маж пријавил дека по претходна расправија во семејниот дом, неговата 34-годишна сопруга физички го нападнала него, но и нивниот малолетен син.

Случај на семејно насилство бил пријавен и во скопски Центар. Според пријавата, 44-годишен маж бил физички нападнат во домот од неговата 37-годишна сопруга.

Третиот случај бил регистриран во Велес, каде што полициски службеници ги лишиле од слобода 54-годишната К.Т. и 51-годишниот Д.С.

Претходно, 56-годишен велешанец пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга К.Т. Тој истовремено пријавил и дека телефонски му се заканувал сопругот на неговата вонбрачна партнерка.

Од полицијата информираат дека за сите случаи се преземаат мерки, а по нивното целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.