ПРВ.мк
Македонија

МВР со нова акција: Марихуана и бела грутчеста материја пронајдени кај приведени лица

МВР со нова акција: Марихуана и бела грутчеста материја пронајдени кај приведени лица

Во текот на ноќта меѓу 3 и 4 август, полициски службеници од СВР Скопје спровеле акција на повеќе локации во главниот град, при што биле лишени од слобода шест лица.

Како што информира МВР, приведени се Д.Ч. (35), З.Т. (26), Т.Т. (32), З.Д. (34), сите од Скопје, А.С. (32) од село Трубарево и А.Љ. (19), државјанин на Србија.

При извршените контроли, кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја, по што биле приведени во полициска станица.

По целосното документирање на случаите, против сите осомничени ќе бидат поднесени соодветни пријави.