ПРВ.мк
Македонија

МОТО РЕЛИ: Над 250 моторџии пристигнуваат во Кавадарци за „Тиквешки гроздобер 2026“

МОТО РЕЛИ: Над 250 моторџии пристигнуваат во Кавадарци за „Тиквешки гроздобер 2026“

Градскиот плоштад во Кавадарци оваа сабота ќе биде епицентар на адреналин и одлична забава. Во рамките на таа богата програма за манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2026“, точно во 12:30 часот се очекува пристигнувањето на над 250 учесници на традиционалното Мото рели.

Љубителите на мотори и моторџискиот спорт ќе имаат уникатна можност одблиску да уживаат во атрактивните машини, но и да ја почувствуваат препознатливата енергија и дух што со себе ги носат бајкерите пристигнати од сите краишта.

Овој настан веќе стана препознатлив дел од гроздоберските празнувања, носејќи ја во срцето на Тиквешијата атмосферата на слобода, патување, меѓусебно дружење и страст кон двотркалците.

Организаторите упатуваат покана до сите жители и посетители на Кавадарци да бидат дел од овој собир: Се гледаме во 12:30 часот на Градскиот плоштад!