ПРВ.мк

Мицкоски: Никого не сум молел – со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна

Мицкоски: Никого не сум молел – со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна
Jumbo Banner

Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека средбата со министерот за здравство, Арбен таравари, ќе се одржи во Владата во 17 часот. 

Како што вели, никого не моли и со него и без него, Владата е стабилна.

„Сакам да слушнам генерално како размислува за последните  случувања. Има две опции – едната е онаа на Владата на реформи и онаа опција која години наназад ја криминализираше државата и ги уништуваше институциите. Тоа е изборот – трета опција нема. Сакам да слушнам од Таравари која е неговата опција. Што се однесува кај личните односи, како човек имам позитивно мислење за Таравари, но во политиката образот е нешто што го имаш или немаш. Во неговиот случај најмалку три пати сум го одржал зборот дури и кога сум имал дилема, затоа заткулисни игри се провидни и лесно се идентификуваат и препознааат, а им се удираат од глава на крај на оние што ги прават. Никого не сум молел – со или без Таравари, Владата е цврста и стабилна“, рече Мицкоски при посетата на Штип.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран