Мега паркот покрај булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ во Општина Бутел е во завршна фаза, информира градоначалникот Дарко Костовски.


Проектот се реализира во соработка со Град Скопје, а со него запуштениот простор покрај булеварот прераснува во нов, модерен и функционален зелен простор за граѓаните.


Според Костовски, на повидок е целосна реализација на уште едно предизборно ветување, со што Општина Бутел добива нова урбана содржина и уреден простор наменет за рекреација, прошетки и подобар квалитет на живот.



Од општината порачуваат дека продолжуваат со проекти кои носат модерно, зелено и урбано уредување на Бутел.







