ПРВ.мк

Меџити: Градиме систем за здрава животна средина

Меџити: Градиме систем за здрава животна средина
Jumbo Banner

Министерството за животна средина и просторно планирање, под раководство на првиот вицепремиер и министер Изет Меџити, активно работи на усвојување на низа клучни закони за системска заштита на животната средина.

Во тек е владина процедура за измените и дополнувањата на Законот за животна средина, како и усвојување на три закони поврзани со управувањето со отпад.

Меџити информира дека во завршна фаза е и Законот за контрола на индустриски емисии, кој за првпат ќе воведе поставување сензори за мерење на квалитетот на воздухот во реално време кај сите големи индустриски капацитети кои поседуваат А-интегрирана дозвола.

Покрај тоа, Министерството работи на подготовка на Закон за климатска акција, нов Закон за заштита на природата, измени на Законот за води, како и на првиот Закон за просторно планирање во државата.

„Ова е патот кон вистинска, системска заштита на животната средина. Посветено, транспарентно и со визија за одржливо утре“, истакна министерот Меџити.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран