На подрачјето на општина Аеродром во Скопје, 13-годишно девојче било физички нападнато и ограбено од група малолетнички. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жртвата ги познавала напаѓачките.
„Во СВР Скопје, А.Л.(47) од Скопје пријавил дека на 03.05.2025 околу 21.30 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата 13-годишна ќерка била физички нападната од четири малолетнички кои ги познавала, кои притоа и одзеле пари и лични работи. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“