ПРВ.мк
Македонија

Мало девојче итно пренесено на лекар откако голтнало капсула за перење

Мало девојче итно пренесено на лекар откако голтнало капсула за перење

Четиригодишно девојче од Берово било пренесено на Итната медицинска помош откако во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 20:30 часот од страна на Итната медицинска помош во Берово.

За настанот веднаш бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Берово, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до инцидентот.

Надлежните апелираат средствата за домаќинство, особено капсулите за перење, да се чуваат надвор од дофат на деца, бидејќи можат да претставуваат сериозен ризик по нивното здравје.