СВР Битола поднело кривична пријава против 58-годишен битолчанец и правно лице од Битола поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот Н.Т. (58) од Битола бил управител и сопственик на фирмата против која исто така е поднесена кривична пријава.
Според пријавата, во текот на 2024 година тој не ги водел правилно евиденциите во документацијата како даночен обврзник, поради што неправилно и неточно ја пресметувал даночната обврска за плаќање ДДВ во соодветниот даночен период.
Со таквото постапување, според наводите на МВР, била утврдена вкупна неплатена обврска во износ од 4.787.025 денари, односно околу 77.804 евра, без пресметана камата.
Од полицијата случајот го квалификуваат како сомнение за даночно затајување, а по целосното документирање на настанот ќе следува понатамошна постапка согласно закон.







