ПРВ.мк
Македонија

МЛАДИТЕ ДИРЕКТНО ЌЕ РЕШАВААТ ЗА ИДНИНАТА НА КАВАДАРЦИ: Се формира новиот Локален младински совет, отворен е повикот за членови!

МЛАДИТЕ ДИРЕКТНО ЌЕ РЕШАВААТ ЗА ИДНИНАТА НА КАВАДАРЦИ: Се формира новиот Локален младински совет, отворен е повикот за членови!

Денес, во Големата сала на Општина Кавадарци, се одржа настан посветен на Локалниот младински совет на Општина Кавадарци — тело преку кое младите кавадарчани ќе добијат директна можност активно да се вклучат во креирањето на младинските политики и во процесите на носење одлуки од значење за локалната заедница.

На настанот беше подвлечена важноста од активното учество на младите во општествениот живот, како и потребата нивните идеи, предлози и иницијативи да бидат слушнати и преточени во конкретни проекти.

Локалниот младински совет е замислен како мост за отворен дијалог, размена на идеи и соработка меѓу младите и Општина Кавадарци. Преку ова тело, младите ќе можат автентично да ги претставуваат своите потреби и интереси и да дадат директен придонес во развојот на градот.

Повик до сите млади кавадарчани

На настанот беше упатен и официјален повик до младите да ја искористат оваа можност и да се пријават за членови на Локалниот младински совет, со што директно ќе учествуваат во креирањето на иднината на својата општина.

Од Општина Кавадарци порачуваат дека остануваат целосно посветени на отворената комуникација, соработката и создавањето нови можности за младите. Младите се клучниот партнер во градењето на современ, активен и перспективен Кавадарци, а нивниот ангажман е значаен чекор кон подобри услови за живот и развој во градот.