ПРВ.мк
Македонија

Македонија прогласи вонредна состојба!

Македонија прогласи вонредна состојба!
Kristal

Владата на Северна Македонија прогласи вонредна состојба на пазарот на електрична енергија, мерка што ќе важи во наредните седум дена и има за цел да се обезбеди стабилно и непрекинато снабдување со струја во земјава.

Со владината одлука се предвидува државните резерви на мазут да бидат ставени на располагање на Електродистрибуција, со цел да се обезбеди континуирано производство на електрична енергија во услови на зголемени ризици во снабдувањето. Компанијата нема да плаќа финансиски надомест за користење на резервите, но ќе има обврска редовно и транспарентно да доставува извештаи до Владата и до Министерството за финансии за потрошувачката и состојбата со производството.

Според официјалните податоци, во државните резерви моментално има повеќе од 10.000 тони масло за греење, количина која е доволна за производство на електрична енергија во период од околу 47 дена. Ова, според надлежните, дава дополнителна сигурност дека системот може да функционира стабилно и во случај на продолжување на проблемите.

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, нагласи дека граѓаните нема да почувствуваат никакви негативни последици од оваа одлука. Таа истакна дека нема да има рестрикции или ограничувања во снабдувањето со електрична енергија и дека мерката е исклучиво од техничка природа, насочена кон превенција и стабилизација на системот.

Причините за воведување на вонредната состојба се поврзани со проблеми во снабдувањето со мазут, кои настанале како резултат на протестите на грчките земјоделци, што го отежнуваат транспортот, како и поради доцнењето на испораките на јаглен. Владата оценува дека навремената реакција ќе спречи поголеми последици и ќе обезбеди сигурно снабдување со електрична енергија во наредниот период.

FixCredit
Escape