ПРВ.мк
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е НА ЧЕКОР ДО ЕУ: Но една пречка ја кочи целата приказна - Рокас со јасна порака!

МАКЕДОНИЈА Е НА ЧЕКОР ДО ЕУ: Но една пречка ја кочи целата приказна - Рокас со јасна порака!

Македонија е поблиску до Европската Унија отколку што изгледа, но процесот сè уште го кочи една клучна работа – недостиг на политички консензус околу уставните измени. Ова беше пораката што ја испрати евроамбасадорот Михалис Рокас за време на конференција во Скопје, посветена на 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Европската Унија и земјата.

Рокас истакна дека Македонија припаѓа во европското семејство и дека реалните шанси за напредок постојат, но само доколку постои заеднички политички пристап и подготвеност за носење на клучни одлуки.

Според него, токму уставните измени се последната и најважна пречка за отворање на следната фаза од пристапните преговори со Европската Унија. Тој предупреди дека процесот на евроинтеграции трае повеќе од две децении и е обележан и со надежи и со разочарувања.

Евроамбасадорот нагласи дека Европската Унија останува стабилен партнер на Македонија, и политички и економски. Тој потсети дека голем дел од македонскиот извоз оди кон земјите членки на ЕУ, а значаен дел од странските инвестиции доаѓа токму од таму.

Како дополнителна поддршка, Рокас ги истакна и европските програми како „Хоризонт“ и „Еразмус+“, кои, според него, имаат важна улога во развојот на образованието, знаењето и човечкиот потенцијал во земјата.

Тој се осврна и на Планот за раст за Западен Балкан, кој претставува значајна финансиска помош, но нагласи дека реалниот напредок зависи од тоа колку реформите ќе се спроведуваат во пракса, а не само на хартија.

И покрај одреден пораст на скептицизам кај граѓаните, Рокас порача дека поддршката за членство во Европската Унија и понатаму останува мнозинска, што според него е јасен сигнал за институциите да испорачаат конкретни резултати.

Тој заклучи дека проширувањето на Унијата е политичка одлука и дека Европа нема да дозволи создавање „сиви зони“, нагласувајќи дека ЕУ останува целосно посветена на приближување на Македонија кон членство, и покрај сите предизвици на патот.

Најнови вести