ПРВ.мк
Македонија

Невреме се приближува кон Македонија: Дожд, грмежи и силен ветер ќе погодат повеќе региони – најкритично ќе биде во овие денови!

Невреме се приближува кон Македонија: Дожд, грмежи и силен ветер ќе погодат повеќе региони – најкритично ќе биде во овие денови!

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, проследено со повремени локални врнежи од дожд, а во југоисточните делови од земјата се очекуваат и услови за појава на ретки грмежи. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој на одредени места повремено може да засили.

Температурите во утринските часови ќе се движат од 6 до 12 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне меѓу 20 и 26 степени, зависно од регионот.

Во Скопје денеска се очекува променливо облачно време, а во претпладневните часови во одредени делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ, а температурата ќе се движи од минимални 10 до максимални 25 степени.

Од УХМР предупредуваат дека и во следните денови времето ќе остане нестабилно. Се очекува период со променливо облачно време и повремени врнежи од дожд, а на повеќе места можно е невреме проследено со поројни дождови, грмежи и засилен ветер.

Особено внимание се најавува за петок и сабота, кога според прогнозите во повеќе делови од Македонија се очекуваат поинтензивни временски процеси. Можно е локално да наврне поголемо количество дожд за кратко време, а нестабилноста да биде проследена со силни грмежи и засилен ветер.

Метеоролозите најавуваат дека утринските температури постепено ќе бидат во пораст, додека дневните температури до сабота ќе останат пониски во споредба со изминатиот период.

Најнови вести