Уште еден исклучително сложен медицински предизвик е успешно реализиран во Болница Плодност, каде искусниот хируршки и анестезиолошки тим изведе лапароскопска интервенција при која беше отстранета матка со тежина од дури 1.280 грама.
Во лапароскопската хирургија, за хирурзите кои успешно се справуваат со исклучително големи миоми со тежина над 1.000 грама се користи впечатливиот израз „Lions in Laparoscopic Surgery“ – „Лавови во лапароскопската хирургија“.
А овој пат, „лавовите“ од Плодност повторно го покажаа своето знаење, искуство и посветеност.

Зад сложената интервенција стои хируршкиот тим составен од д-р Христијан Трпчевски, д-р Сотир Ропи и д-р Александар Јовановски, кои заеднички го реализираа овој сериозен лапароскопски зафат.
Неизоставен дел од успехот беше и анестезиолошкиот тим – д-р Владимир Ристевски и м.с. Билјана Поповска Марковска, како и инструментарката Билјана Димитровска, со поддршка од тимот циркулирачки инструментарки со големо искуство во лапароскопската хирургија.

Интервенцијата е уште еден пример за значењето на искуството, прецизноста и беспрекорната координација на целиот медицински тим при изведување комплексни минимално инвазивни процедури.
Болница Плодност продолжува да гради препознатливост во областа на напредната лапароскопска хирургија, со медицински тим кој и пред најголемите предизвици одговара со знаење, искуство и тимска работа.
Кога предизвикот е голем, потребен е и голем тим! А овој пат, тимот на Плодност покажа зошто во лапароскопската сала со гордост ги нарекуваат – лавови. 🦁






