ПРВ.мк
Македонија

ДЕКО ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР: Газдата на „Пулс“ ќе понуди имот како гаранција - еве кога!

ДЕКО ИЗЛЕГУВА ОД ПРИТВОР: Газдата на „Пулс“ ќе понуди имот како гаранција - еве кога!

Сопственикот на тетовската дискотека „Пулс“, Дејан Јованов – Деко, на 3 октомври треба да излезе од затворски притвор, а неговата одбрана веќе најави дека во текот на оваа недела ќе понуди имот како гаранција.

Информацијата беше соопштена на денешното рочиште, каде што одбраната посочи дека ќе биде доставена гаранција во имот, имајќи предвид дека по истекот на притворот Судот може да му определи други мерки на претпазливост.

Деко во притвор се наоѓа од март минатата година. Според законските ограничувања, притворот може да трае најмногу една година од моментот на оценката на обвинението, поради што на 3 октомври истекува максималниот период во кој тој може да остане во притвор.

По излегувањето од притвор, конечната одлука за тоа дали ќе му бидат определени мерки на претпазливост ќе ја донесе Судот.

Неговата адвокатка Ивана Коцевска по денешното рочиште изјави дека Дејан Јованов не ја негира одговорноста, но дека одбраната ја оспорува намерата, односно умислата како елемент на делото за кое е обвинет.