Жител на тетовското село Гајре пријавил во полиција дека неговото паркирано возило било оштетено од, како што се сомнева, залутан куршум.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 48-годишниот Џ.Х., кој привремено престојува во Германија, на 1 август го паркирал своето BMW со германски регистарски таблички пред семејната куќа.
Кога вчера попладне го проверил автомобилот, забележал оштетување за кое пријавил дека најверојатно е предизвикано од залутан проектил.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.







