ПРВ.мк
Македонија

КРВАВА СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Брат ја претепал сестра си!

КРВАВА СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ВЕЛЕС: Брат ја претепал сестра си!

Жителите на Велес се вознемирени по пријавен семеен инцидент во кој 38-годишна жена била повредена, откако, според полициските информации, била нападната од својот брат.

Случајот бил пријавен на 3 август во СВР Велес, откако од ЈЗУ Општа болница Велес информирале дека кај нив била донесена жена со повреди.

Според досегашните сознанија, 32-годишниот Р.И. од Велес физички ја нападнал својата сестра, при што таа се здобила со повреди поради кои морала да побара медицинска помош.

По пријавата, полицијата извршила службен разговор со осомничениот, а за случајот биле известени и јавен обвинител и Центарот за социјални работи.

Од МВР информираат дека се преземаат дополнителни мерки за целосно расчистување на настанот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. Се очекува истрагата да ги утврди сите детали за причините и околностите што довеле до семејниот конфликт.