СВР Куманово поднесе кривична пријава против 57-годишен жител на Скопје и правно лице од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавениот, во својство на управител и одговорно лице во компанијата, во периодот од 1 јануари до 31 декември 2023 година во деловните книги и даночните евиденции прикажувал расходи што не биле даночно признаени, без соодветна документација, како и трошоци кои не биле поврзани со вршењето на дејноста.
Со ваквото постапување, според полицијата, неосновано ја намалил даночната основа и доставил даночни податоци кои не ја прикажувале реалната финансиска состојба на компанијата.
Како резултат на тоа, постои сомнение дека било избегнато плаќање данок на добивка во износ од 2.362.247 денари, со што бил стекнат противправен имотен интерес.
По целосно документирање на случајот, против пријавените ќе продолжи соодветната законска постапка.










