ПРВ.мк
Македонија

КРАЈ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ НА ТРОТИНЕТИ: Изгласан нов закон со строги правила и високи казни!

КРАЈ ЗА МАЛОЛЕТНИЦИТЕ НА ТРОТИНЕТИ: Изгласан нов закон со строги правила и високи казни!

Собранието денеска го усвои Законот за регулација на лесните електрични возила, со кој се воведуваат значително построги правила за користење на електричните тротинети.

Според новите законски одредби, електричен тротинет ќе може да управува исклучиво лице кое има наполнето 18 години, со што старосната граница е зголемена во однос на досегашните правила.

Законот предвидува и построги санкции за прекршителите. Казни ќе следуваат за возење со брзина над дозволената, управување под дејство на алкохол, како и за превезување друго лице или малолетник на електричен тротинет.

За потешките прекршоци, покрај паричните казни, се воведува и можност за привремено одземање на возилото во траење до 30 дена.

Пратеникот Антонио Милошоски, кој ја објави информацијата на својот профил на Фејсбук, истакна дека целта на законските измени е да се намали бројот на сообраќајни незгоди и да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.