ПРВ.мк
Македонија

Колегите на проф. д-р Кузмановски јавно застанаа зад него – целата вистина од Клиниката за неврологија

Колегите на проф. д-р Кузмановски јавно застанаа зад него – целата вистина од Клиниката за неврологија

Персоналот од Клиниката за неврологија ја искажа својата целосна поддршка за проф. д-р Игор Кузмановски, реагирајќи на неодамнешниот материјал кој, како што велат, има за цел да ја наруши неговата репутација. Во писмото, тие апелираат за воздржаност во јавните дебати, почитување на човековото достоинство и поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина.

Медиумската агенција МИА го пренесува писмото во целост: “Ние, неговите колеги, ја изразуваме нашата професионална и човечка поддршка за Проф. д-р Кузмановски, кој во текот на своето долгогодишно раководење со клиниката, од 2012 до 2017 година, комплетно ја реновираше клиниката, воведе нови дијагностички методи и иновативни тераписки процедури.”

“Во секојдневната работа со пациентите и во комуникацијата со колегите, секогаш се однесувал со највисока стручност, одговорност и етичка посветеност. Ниту во еден момент не е забележано однесување кое би било недолично, несовесно или спротивно на професионалните стандарди.”

Колегите додаваат дека дури и во ситуации кога се појавуваат сомнежи или јавни дискусии за постапки кои би можеле да се толкуваат како спротивни на моралните и етички принципи на докторската професија, професионалното функционирање на Кузмановски останува непоколебливо, водено од интегритет и грижа за пациентите.

Тие исто така истакнуваат: “Во духот на медицинската етика и човековото достоинство, сметаме дека секој поединец, особено во моменти на јавна изложеност и лична ранливост, заслужува поддршка, разбирање и соодветна психосоцијална помош. Наместо осуда, неопходно е да се поттикне сочувство – не само кон професионалецот, туку и кон неговото семејство, кое невино се соочува со последиците од јавната реакција.”

На крајот од писмото, колегите на проф. д-р Кузмановски апелираат за воздржаност во јавниот дискурс, за почит кон човековото достоинство и за поддршка која е во согласност со вредностите на медицинската заедница и општеството во целина.

Escape