Министерот за здравство Азир Алиу објави дека наскоро ќе се потпише договор со ЈП „Градски паркинг“ за изградба на ново, едно од најмодерните и целосно дигитализирани паркиралишта во Скопје, со 24-часовен мониторинг и капацитет од 300 паркинг-места.
Овој „паметен“ паркинг ќе функционира со целосна дигитализација, што значи дека возилата од влезот до излезот ќе бидат следени автоматски и ќе комуницираат со системот. Особено ќе има посебни влезови за одделот за кардиологија, каде што времето е критично.
Капацитетот на паркирање ќе се зголеми двојно благодарение на оптимизацијата на просторот.
Ценовникот ќе биде поделена во четири категории:
- Бесплатно паркирање за онколошки пациенти.
- Посебна цена за други пациенти.
- Цена за вработените во кампусот.
- Цена за граѓаните кои доаѓаат по други причини, како посети.
Сегашниот паркинг е под управување на „Градски паркинг“, но капацитетот не ги покрива потребите на Клиничкиот центар, што новиот проект треба значително да го реши.