ПРВ.мк
Македонија

Хуманитарна вечер во Кочани: „Една чаша за нив“ во чест на загинатите!

Хуманитарна вечер во Кочани: „Една чаша за нив“ во чест на загинатите!
Kristal

Во пресрет на годишнината од трагичниот настан во Кочани, локалот „Cacao Libre“ најави посебен хуманитарен настан под мотото „Некои смени никогаш не завршуваат“. Настанот, насловен „Една чаша за нив“, ќе се одржи вечерва и има за цел да оддаде почит на угостителите кои прерано ги загубија своите животи.

Организаторите порачуваат дека секоја подигната чаша ќе биде тост за колегите кои зад шанкот оставиле дел од своето срце, посветувајќи го својот труд и насмевки на клиентите.

Како посебен симбол, на настанот ќе биде промовиран коктелот „Late Shift“ (Доцна смена), кој ја претставува долгата работа, последните нарачки и смените што понекогаш никогаш не завршуваат. Дел од приходот од секој продаден коктел ќе биде наменет за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“, кое ќе потсетува на настраданите угостители.

Детали за настанот:

  • Локација: Cacao Libre, Кочани
  • Датум: 16 март 2026 година (понеделник)
  • Почеток: 21:00 часот
SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo