ПРВ.мк
Македонија

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Маж уапсен откако со тврд предмет усмртил куче!

ХОРОР ВО МАКЕДОНИЈА: Маж уапсен откако со тврд предмет усмртил куче!

Полицијата од Куманово уапсила 62-годишен жител на селото Макреш во општина Старо Нагоричане, откако бил осомничен дека усмртил куче со тврд предмет во својот кокошарник.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 19 мај околу 23 часот.

Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Т. (62), по пријава дека во дворот на својот имот, поточно во кокошарникот, со тврд предмет го усмртил животното.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за околностите под кои се случил инцидентот, ниту што му претходело на настанот.

Осомничениот бил приведен во полициска станица, а од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.