ПРВ.мк
Македонија

ЌЕ СЕ СТАВИ ЛИ КОНЕЧНО РЕД? „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА

ЌЕ СЕ СТАВИ ЛИ КОНЕЧНО РЕД? „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА И ВО УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА

Струмица е меѓу следните подрачја во Македонија каде што треба да биде имплементиран системот „Безбеден град“. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски најави дека по СВР Охрид, системот треба да се прошири и на подрачјата на СВР Струмица и СВР Штип.

Во гостување во централниот „Дневник“ на Македонската радио-телевизија, Тошковски посочи дека „Безбеден град“ веќе функционира во Скопје, Куманово и Тетово, а неодамна беше пуштен во употреба и на подрачјето на СВР Велес, со што се опфатени Велес, Кавадарци, Неготино и Демир Капија.

Според најавениот распоред, следен е СВР Охрид, по што треба да следуваат Струмица и Штип. Последната фаза треба да го опфати подрачјето на СВР Битола.

Тошковски очекува системот да биде воспоставен на територијата на целата држава до крајот на 2026 година или најдоцна на почетокот на 2027 година. Засега не е соопштен конкретен датум кога „Безбеден град“ ќе почне да функционира во Струмица.

Проширувањето на системот е насочено кон подобрување на сообраќајната безбедност и автоматско евидентирање на сообраќајните прекршоци.