ПРВ.мк
Македонија

КАВАДАРЦИ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2026: Градот на грозјето и виното во ритамот на најголемата винска традиција!

КАВАДАРЦИ Е ПОДГОТВЕНО ЗА ТИКВЕШКИОТ ГРОЗДОБЕР 2026: Градот на грозјето и виното во ритамот на најголемата винска традиција!

Кавадарци е целосно подготвено за почетокот на манифестацијата „Тиквешки гроздобер 2026“. Градот на грозјето и виното повторно заживеа во ритамот на најголемата и најпозната винска традиција во регионот.

Улиците се веќе украсени, празничната атмосфера се загрева, а Кавадарци ги отвора своите врати за сите гости и посетители од земјава и странство. Организаторите најавуваат богата програма исполнета со многу музика, дегустација на врвни вина, традиционални обичаи и незаборавна забава.

„Тиквешкиот гроздобер“ останува вистински празник на грозјето, виното, македонската култура и препознатливото кавадаречко гостопримство.

Добредојдовте во Кавадарци на Гроздоберот!

Најнови вести