ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци добива нов кружен тек на Северен Булевар: Градежните работи се во завршна фаза, проектот поддржан со донација од „Лидл“

Кавадарци добива нов кружен тек на Северен Булевар: Градежните работи се во завршна фаза, проектот поддржан со донација од „Лидл“

Градската инфраструктура во Кавадарци добива уште еден значаен објект. Градежните активности за изградба на новиот кружен тек на Северен Булевар се во напредна фаза и се одвиваат со засилено темпо.

Овој важен сообраќаен проект се реализира со поддршка и донација од компанијата „Лидл“, која преку оваа соработка дава директен придонес за развој на модерна, побезбедна и поефикасна урбана средина во Кавадарци.

Новото сообраќајно решение на Северен Булевар има за цел да го подобри протокот на возила, да го намали метежот и да овозможи подобро и поедноставно движење низ овој дел од градот.

Клучни придобивки за граѓаните на Кавадарци:

  • Побрз сообраќај: Помал метеж и покранто време на чекање на булеварот.
  • Поголема безбедност: Поголема прегледност и заштита за возачите и пешаците.
  • Подобра поврзаност: Олеснета сообраќајна комуникација и подобар пристап до клучните делови од градот.

Со реализацијата на овој проект, Кавадарци продолжува со засилените инвестиции во локалната инфраструктура кои носат подобро и поквалитетно секојдневие за сите жители.