ПРВ.мк
Македонија

(ФОТО) Кавадарци доби 20 нови електрични такси возила – Митко Јанчев ја поздрави инвестицијата во современ градски превоз

(ФОТО) Кавадарци доби 20 нови електрични такси возила – Митко Јанчев ја поздрави инвестицијата во современ градски превоз

Кавадарци прави нов чекор кон модернизација на градскиот превоз. На градскиот плоштад денеска беа промовирани 20 нови електрични возила на „Кавадарци Сити Такси – by Joker“, со кои се унапредува понудата на такси услуги во градот.

На промоцијата присуствуваше градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја поздрави инвестицијата, посочувајќи дека таа претставува позитивен пример за вложување во современи, еколошки и поквалитетни услуги за граѓаните.

Во своето обраќање, Јанчев упати благодарност до раководството на City Taxi Group и партнерите од Joker за препознавањето на Кавадарци како град со потенцијал за инвестиции и развој.

Воведувањето на електричните такси возила придонесува кон намалување на бучавата и штетните емисии од сообраќајот, истовремено овозможувајќи посовремена услуга за патниците.

Со оваа инвестиција, граѓаните на Кавадарци добиваат дополнителна можност за еколошки градски превоз, а локалниот транспорт се модернизира преку примена на електрична мобилност.

Градоначалникот Митко Јанчев на новиот тим му посака многу успех, задоволни патници и безбедни километри.

Промоцијата на 20-те електрични возила претставува значаен чекор кон развојот на поодржлив и посовремен градски превоз во Кавадарци.

Најнови вести