Програмата на „Кавадаречко културно лето 2026“ продолжува со полна пареа, а вечерва на редот се најмилите. Градскиот плоштад во Кавадарци ќе биде исполнет со детска радост, игра и многу позитивна енергија.
За најмладите е подготвена специјална забава со кловнови, која ветува многу смеа, интересни игри и моменти кои долго ќе се паметат.
„Дојдете со вашите најмили и бидете дел од убавата летна атмосфера. Ве очекуваме!“ – порачуваат организаторите.
Излезете и уживајте во уште една прекрасна летна вечер под отворено небо!



