ПРВ.мк
Македонија

К-15 мора да се исплати до 31 декември – еве кој има право и колку најмалку треба да добие

К-15 мора да се исплати до 31 декември – еве кој има право и колку најмалку треба да добие

Вработените во приватниот сектор кои ги исполнуваат условите и годинава имаат право на регрес за годишен одмор, попознат како К-15, кој треба да биде исплатен најдоцна до 31 декември.

Минималниот износ за 2026 година изнесува околу 19.116 денари, објави 4news.mk.

Право на К-15 имаат работниците кои во текот на календарската година биле вработени најмалку шест месеци непрекинато кај истиот работодавач.

Износот на регресот не претставува однапред утврдена фиксна сума. Тој се пресметува врз основа на просечната месечна нето-плата по работник во државата исплатена во последните три месеци пред месецот во кој се исплаќа К-15.

Според правилата, регресот треба да изнесува најмалку 40 проценти од просечната нето-плата за овој период.

Во зависност од условите утврдени со колективниот договор, работодавачот може да исплати и повисок износ. Максималниот неоданочен износ може да достигне до 100 проценти од просечната плата.

Крајниот рок до кој работодавачите треба да ја исполнат оваа обврска е 31 декември 2026 година.

За работодавачите кои нема да го исплатат регресот се предвидени санкции.

Санкции се предвидени и во случаи кога на работникот формално ќе му биде исплатен К-15, а потоа ќе биде принуден да ги врати парите во готовина. За вакво постапување, според наведените правила, може да следуваат парични санкции, а во одредени случаи и затворска казна до една година.