Денес, ЈП „Комуналец“ и Општина Кавадарци започнаа со активности за целосна реконструкција на водоводната линија кај Солидарните згради, сместени на улицата „Ѓуро Салај“ во Кавадарци.
Во рамки на градежните работи предвидено е поставување на нова PE водоводна линија Ф110 во вкупна должина од 120 метри. Со оваа инвестиција, целиот станбен комплекс ќе добие современа и функционална водоводна мрежа, при што секоја од зградите ќе биде одделно поврзана со нов приклучок.
Оваа активност се реализира согласно Програмата за работа за 2026 година, со основна цел подобрување на квалитетот на водоснабдувањето и постепена модернизација на целокупната водоводна инфраструктура во градот Кавадарци.





