ПРВ.мк
Македонија

Јанчев јавно го повика Спасен Силјаноски: Дојди и докажи што можеш да донесеш на Тиквешкиот гроздобер

Јанчев јавно го повика Спасен Силјаноски: Дојди и докажи што можеш да донесеш на Тиквешкиот гроздобер

По критиките на Спасен Силјаноски за изборот на музички гости на Тиквешкиот гроздобер, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев го повика пејачот да се појави во Општина Кавадарци и да даде конкретни одговори: каде би се вклопил во програмата и колку публика може да донесе.

Јанчев нагласува дека Тиквешкиот гроздобер не е локална забава, туку голема балканска манифестација која привлекува десетици илјади гости од Македонија и соседните земји. Тој потсетува дека сите локални и домашни музички гости се максимално почитувани, а големата сцена секоја година привлекува ѕвезди како српската евровизиска победничка Марија Шерифовиќ, чии настапи собираат најмалку 50.000 посетители.

„Гроздоберот не е само забава, туку и економски значаен настан. Поголемиот број гости значи поголеми придобивки за нашите граѓани. Затоа, го повикувам Спасен да дојде и да одговори на прашањата што јавно ги поставив“, истакна Јанчев, потенцирајќи дека не е достојно да се потценуваат традиционалните ѕвезди со евтини популистички изјави.

Escape