Кремљ соопшти дека европските предлози за безбедносни гаранции за Украина се целосно неприфатливи и дека војниците од земјите-членки на НАТО не смеат да стапат на украинска територија.
Портпаролот Дмитриј Песков нагласи дека Москва гледа негативно на предлозите што произлегоа по средбата на европските лидери со Доналд Трамп во Вашингтон, додавајќи дека американските обиди за мир се важни, но сепак не ги менуваат позициите на Русија. Кремљ истакнува дека сите мировни преговори мора да бидат добро подготвени за да бидат ефикасни.
Ставот на Москва е спротивен на изјавите на Трамп дека „Путин се согласил на безбедносни гаранции“, при што Песков потврди дека Русија не прифаќа присуство на НАТО сили во Украина.
Исто така, се споменува дека Владимир Путин ќе отпатува во Кина за учество на самитот на Шангајската организација за соработка во Тјанџин, каде ќе присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.