Јавното претпријатие „Комуналец“ од Кавадарци активно продолжува со активностите на терен за санација и уредување на полските патишта на територијата на општината.
Деновиве градежната механизација е фокусирана на полските патишта во селото Марена. Главната цел на овие градежни зафати е значително подобрување на пристапноста до земјоделските површини, со што директно им се олеснува секојдневното движење и работата на локалните жители и земјоделци.
Од Ј.П. „Комуналец“ информираат дека овие теренски активности нема да застанат тука и дека уредувањето на патиштата ќе продолжи и во сите останати населени места низ општината, редовно и согласно утврдените приоритети и потреби на граѓаните.









