ПРВ.мк
Македонија

ИСЧЕЗНА 11-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД МАКЕДОНИЈА: Семејството пријавило, полицијата веднаш започна потрага!

ИСЧЕЗНА 11-ГОДИШНО МОМЧЕ ОД МАКЕДОНИЈА: Семејството пријавило, полицијата веднаш започна потрага!

Вознемиреност во општина Долнени, откако е пријавено исчезнување на 11-годишно момче од селото Десово. Семејството побарало помош од надлежните, а полицијата веднаш започнала активности за пронаоѓање на детето.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 5 август во 20:30 часот во ОВР Прилеп.

Пријавата ја поднел 34-годишниот А.У., кој информирал дека неговиот 11-годишен внук се оддалечил од семејниот дом и дека не можат да го пронајдат.

По добиената пријава, полициските службеници презеле мерки и активности за пронаоѓање на момчето и утврдување на сите околности поврзани со неговото исчезнување.

Од МВР засега не соопштуваат дополнителни детали за случајот, а потрагата по детето продолжува.