ПРВ.мк
Македонија

ИНЦИДЕНТ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА: Корисничка брутално нападната од две жени!

ИНЦИДЕНТ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА: Корисничка брутално нападната од две жени!
Kristal

Инцидент во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово предизвика вознемиреност меѓу јавноста, откако една корисничка завршила во Ургентниот центар по физички напад од две други штитенички на установата.

Случајот бил пријавен вчера во 16:55 часот во СВР Куманово. Од Ургентниот центар информирале дека кај нив со повреди била донесена С.Ц. од Скопје, која престојувала во домот за стари лица. Засега не се соопштуваат детали за тежината на повредите.

Од раководството на Домот за стари лица „Зафир Сајто“ потврдиле дека се запознаени со настанот и дека ќе го почекаат целосниот извештај од полицијата пред да преземат конкретни мерки.

Надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до нападот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo