ПРВ.мк
Македонија

ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ПОД ИСТРАГА: Буџетот оштетен за над 1,4 милиони денари - МВР со детали!

ПОРАНЕШЕН ГРАДОНАЧАЛНИК ПОД ИСТРАГА: Буџетот оштетен за над 1,4 милиони денари - МВР со детали!
Kristal

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (52) од селото Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Исто така, пријава е поднесена и против Б.К. (46) од селото Аранѓел за „несовесно работење во службата“, против Д.С. (41) од селото Длапкин Дол за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, како и против едно правно лице со седиште во Длапкин Дол.

Според информациите, на 8 јануари 2025 година, Ф.Д., во својство на градоначалник на Општина Кичево, донел план за јавни набавки за 2025 година спротивно на одредбите од Законот за комунални дејности. И покрај тоа што општината располага со јавно комунално претпријатие, сите комунални дејности биле доверени на пријавеното правно лице од Длапкин Дол. Според сомневањата, ова било направено со намера да се овозможи имотна корист, на штета на буџетот на Општина Кичево.

Второпријавениот, како одговорно овластено лице за одржување на зелените површини, пропуштил да изврши соодветен надзор и несовесно постапувал во извршувањето на службените обврски. Третопријавениот, во својство на управител на правното лице, свесно ги повредил прописите поврзани со постапката за јавен повик.

Со овие дејствија, според пријавата, за одржување на зеленилото околу зградата на општината биле исплатени вкупно 1.457.205 денари, со што е нанесена штета на буџетот на Општина Кичево во наведениот износ.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo