Интензивна акција во Кавадарци: Со сите расположливи сили се работи на депонијата „Мелци“
Во Кавадарци продолжува засилената теренска операција на депонијата „Мелци“, каде што со максимално ангажирање на опрема и човечки ресурси се работи на целосно нормализирање на состојбата. Целта на оваа координативна акција е брзо и конечно прекинување на чадењето.

Ангажирана механизација на теренот во Кавадарци:
- Булдожери (2): Обезбедени од ЈП „Комуналец“ Кавадарци и „Градба Промет“.
- Багери (3): На терен од „Ја-Ми“ и „Градба Промет“.
- Скипови (3): Од ЈП „Комуналец“.
- Утоварна машина (1): Ангажирана од „Њу Инженеринг“.
- Камиони за транспорт (9): Големи камиони (со капацитет од по 30 m³) од ЈП „Комуналец“, „Градба Промет“, „Ас Машини“, „Павер Трејд“, ИГМ и „ВС-ГД“.
- Цистерни со вода (2): На располагање од ЈП „Комуналец“ и ТППЕ Кавадарци.
Во оваа акција за Кавадарци се вклучија и повеќе општествено одговорни компании и институции со сопствена опрема. На терен се работи континуирано и без прекин, сè додека депонијата „Мелци“ не се стави под целосна контрола.








